Mesna

Со примопредавање конституиран составот на новата МС-Подгорци.

И официјално со вчерашното  примопредавање  на техничката документација 07.01.2018 (недела), од страна на претходната Месна Самоуправа на населба Подгорци, и образложување на сите претходно превземени и идни активности, беа предадени сите должности и техничка документација на новиот состав на Месната Самоуправ Подгорци, а со тоа и прекина четиригодишниот мандат на претходниот состав.

Денес, како што и претходно се договоривме, после собирот на граѓани оддржан во петокот, во кратка средба извршивме примопредавање на техничката документација и се разбира должностите кои треба да се извршуваат во рамките на ова организација, притоа на жителите на населба Подгорци, би сакал да им се заблагодарам, за досегашната подршка, а на новите членови на новоизбраната Месна Самоуправа им посекувам успех во понатамошните активности и грижа за населба Подгорци, – ни изјави накратко поранешниот претседател Мирсад Реџоски.

Како представник од комисијата за избор и менувања од страна на Општина Струга, присутен беше советникот од редовите на ДУИ Мурат Асаноски, кој на самиот почеток од собирот ги образложи законските регулативи, како и начинот за избор нанов состав на Месна Самоуправа.

Потсетуваме дека на ден: 05.01.2018 (петок) оддржан беше собир на граѓани, каде пред присутните жители на населба Подгорци, беа запознати со активностите во изминатите  четири години, ( моментална состојба, финансиски извештај и др..) Во текот на собирот една од главните точки на дневниот ред предвидуваше и избор на нов состав на идната месна самоуправа, каде со предлагање на жители кои се во можност да учествуваат во активностите на Месната Самоуправа, избрани беа:

  1. Реџо Адемоски
  2. Адем Ајдароски
  3. Минур Ајдароски
  4. Мерлин Ајдароски
  5. Самир Муртезоски
  6. Нешат Авмедоски
  7. Амир Османоски
  8. Ферат Авмедоски
  9. Алија Беќироски

Во текот на наредните денови, на заедничка средба се очекува новиот состав да го одбере претседателот на Месната самоуправа и членовите на другите раководни органи.

Инаку, колку за потсетување во претходниот состав кој беше со четири годишен мандат како и новата беа:

  1. Мирсад Реџоски – претседател
  2. Емрула Реџоски
  3. Ибрахим Арсланоски
  4. Идриз Ајрулоски
  5. Недим Мемишоски
  6. Ерџан Авмедоски
  7. Касим Адемоски
  8. Бехман Мехмедоски

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine + 5 =

%d bloggers like this: