pod5

(Фото) Хуманоста на Подгорчани пристигна и во Африка

Во последниве неколку години наназад од регионот на Балканот подтикнати се голем број на проекти за изградба на бунари за питка вода, за загрозеното население во Африка.

pod4

Така на просторот на повеќе држави во Африка уплатени се одредени износи на средства за изградба на бунари, кои се делеле во две категории, бунар со резервоар и бунар без резервоар.

Важно е да се нагласи дека бунари се градат во Брегот на Слоновата коска, Гамбија, Гана, Того, Танзанија, Буркина Фасо и Нигерија. Изградбата на бунарите се финансира од страна на хумани и добрите народи и луѓе ширум светот.

После брегот на Слоновата коска, Гамбија, Гана, Танзанија, Того, Буркина Фасо и Нигерија, предвидено е и изградба на бунари и во останатите делови на африка каде се пројавува потреба од ваква хуманитарна активност во помагање на локалното население, изјавил, Алдин Кајмаковиќ. раководител на проектот од Босна и Херцеговина.

Нагласуваме дека на овој проект можат да се одзват сите лица, студенти, пензионери, тинејџери, стари и млади, и на тој начин, обезбедат питка вода за населенијата кои со километри пешачат како би дошле до било каква вода.

А, ние почитувани, имајќи во предвид да ја пренесеме оваа информација, наидовме на изградбата на бунар кој се гради и го носи името на нашава населба “Подгорци“, во обид да стапиме во контакт со било кој од раководителите на овој проект и нашето истражување, за  тоа дали станува збор за нашава населба, наидовме на информации  кои не се објавувале во врска името на донаторот (анонимност) , односно лицето и фирмата која ја донирала изградбата на овој, бунар, меѓутоа сепак ни беше потврдено дека станува збор за лице од населба Подгорци-Македонија, кое пред неколку месеци наназад се одлучи да учествува во ова хуманитарна активност, односно придонесе за изградбата на ваков систем за водоснабдување со вода за населенето во Африка.

Колку за информација, бунарот кој е изграден од наш сограѓанин Подгорчанец, изграден е во Танзанија и тамошните жители денес можат да ја користат благодетта на водата, и она што таа го дава, а е овозможено од страна на наши сограѓани кои еве на ваков начин се обиделе да помогнат на деловите од светот кои се погодени од недостаток на вода.

Во нашиот разговор, ни беше напоменато дека се задржува правото анонимноста на донаторот, како и информацијата дека истиот Подгорчанец наскоро ќе започне со ново учество во овој проект со доделување на средства за изградба на уште еден бунар.

Во продолжение Ви представуваме и фотографии од изградени бунари помогнати од страна и на други граѓани од Балканот, кои еве на вакон начин се одлучиле да помогнат.

pod1 pod2 pod3 pod4 pod5 pod7 pod8




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine + = 18

%d bloggers like this: