Во централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва беше избран новиот Извршен комитет на партијата. За нов генерален сектретар со одлука на ЦК е назначен Игор Јанушев, кој до неодамна беше директор на ЈСП.

Потпретседатели се Митко Јанчев, Александар Николовски и Владо Мисајловски.

Членови на ИК се тројца претседатели на општински комитети- Иван Јорданов од Штип, Кирил Пецаков од Охрид и Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода.

За членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, како што пренесе порталот Курир се избрани и: Владимир Нелоски, Даниела Рангелова, Игор Николов, Трајко Славевски, Драги Димитриевски, Влатко Ѓорчев, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Коце Трајановски, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска и Бајрам Требишки.

Изво:НоваТВ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here