IMG_2189 (Copy)

Мекка и Медина ќе ги пречекаат нашите верници кои ќе извршат Умра-хаџ

Струга.14.01.2018 – Dubai Portal. И, официјално денес тргна првата група на наши сограѓани кои во наредните неколку денови ќе предстојуваат во Саудиска Арабија, односно светите места Мекка и Медина, каде и ќе извршат Умра хаџ.

IMG_2187 (Copy)

Во текот на претстојот во светите места, односно некаде во 14-те дена, преку сите пропишани исламски прописи  нашите сограѓани, кои оваа година ги имаше некаде над 30-тина, преку пропишаните обреди ќе ја извршат Умра-хаџ, онака како што налагаат исламските прописи за ваквиот вид на хаџ.

За разлика од хаџот, кој се извршува исклучиво во деновите на Курбан-бајрам, умра хаџ може да се направи било кога во текот на годината.

IMG_2200 (Copy)

Умра или таканаречен “мал хаџ“ представува суннет, а според некои ваџиб, а посред некои пак дури и фарзиајн (строга индивидуална обврска), Како и хаџот, треба да се изврши еднаш во животот.

Умра хаџ се извршува многу побрзо од хаџот бидејќи се состои од само два верски обреди, а тоа се седум обиколувања околу Каба (таваф) и седум посети (сај) помеѓу Сафе и Мерве, сето тоа под ихрам (бела облека), како и кај хаџот.

Според информациите до кои дојдовме, овогодинешниве верници релацијата ја започна од Струга. 12.00 часот, каде подоцна од аеродром Тирана (Албанија) од 18.30 да полетаат за Атина (Грција), нпа од тука некаде од 22,00 часот да полетаат за Џедда (Саудиска Арабија) каде се очекува да пристигнат некаде околу 02.55 часот по локално време.

Во ова пригода редакцијата на Дубаи Портал на сите наши сограѓани, верници, им посакува пријатен предстој во Мека и Медина, и иншаллах, Аллах да им го укабули хаџот.

IMG_2189 (Copy)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three × 8 =

%d bloggers like this: