Siriski minister

Сирија ја предупреди Турција:“Ќе ги уриваме вашите авиони, ако покренете напад во Африн

Сириските власти ја предупредија Турција да не започнува со најавената воена кампања во сириската провинција Африн, истакнувајќи дека нивната против-воздушна одбрана ќе ги соборува турските воени авиони.

Да потсетиме, Турција пред неколку дена порача дека ќе се пресмета со курдските сили во провинцијата Африн, а турскиот претседател Ердоган објави голема воена офанзива.

“Го предупредуваме турското раководство дека борбените операции во регионот Африн ќе се сметаат како акт на агресија од страна на турската армија”, изјавил заменик-сирискиот министер за надворешни работи, Фаизал Мекдад. “Сириската против-воздушна одбрана е целосно подготвена да ја уништи турската авијација на небото на Сириската Арапска Република”, рекол тој.

Извор:Advance




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 − five =