avtomobil bomba

АТЕНТАТ ВО ЛИБАН:“Израел стои зад атентатот“, тврди Хасан Насралах

“Експлозијата на автомобилот на високиот лидер Хамас Мохамед Хамдан, која се случи минатата недела во Либан, беше организирана од Израел”, тврди лидерот на Хезболах.

Image result for Lebanon Hamas Mohammed Hamdan

Главниот секретар на Хезболах, Хасан Насралах, го обвини Израел дека стои зад експлозија на автомобил-бомба, која на 14 јануари го повреди високиот претставник на Хамас во Либан.

“Очекуваме либанските власти да го осудат овој инцидент како сериозно кршење на суверенитетот на земјата”, изјави Насралах на телевизиска емисија по повод давањето на почит на загинатите борци на Хезболах.

Како и Хасан Насрлахм, и политичкото раководство на Хамас во Либан, исто така, тврди дека Израел веројатно бил вмешан во експлозија на автомобил-бомба која го повредила Мохамад Хамд во градот Сидон. Израелските власти ги минимализирале овие осуди.

Хасан Насралах понатаму потврдил дека изјавите на САД дека Вашингтон планира да ги задржи своите војници во Сирија со цел да се спречи повторното појавување на ИСИЛ претставува само “лош изговор” за окупацијата на Сирија.

Во последниве месеци, и саудиските претставници  изразија загриженост во врска со подемот на Хезболах во Либан и во целиот свет.

Извор:logicno




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× one = 4

%d bloggers like this: