Пишува: Демир Равманоски

Кои добри и лоши нешта го опкружуваат нашето опшество?

Човештвото уште од своето создавање па се до ден денешен е во постојана борба помеѓу доброто и лошото, и така ќе биде се до Судниот ден, се додека добро како победник не ја добие заслужената награда а лошото како губитник не ја добие заслужената казна. Проучувајќи ја историјата на човештвото може да се види дека лошото манифестирано низ своите облици на војни, убиства, грабежи на човештвото му нанесувало разни материјални и духовни загуби и падови, но секогаш кога лошото ја дожувувало својата кулминација бивало заменето со добро кое како светло сонце огревало и ги лечело раните и луѓето уште посилни и помоќни оделе напред во својот напредок и развој. Она што исто така може да се извлече поука од историјата на човештвото е една многу важна работа, а тоа е дека, се додека човекот како поединец, и општо луѓето заедно, го следат и се однесуваат според законите кои се пропишани од Бога, и според тие закони делуваат во своите животи, доброто секогаш ќе биде присутно во нивните животи и ќе им олеснува, за разлика од оние кои се одалечуваат од Божјите закони или пак ги негираат таквите ќе бидат носители на лошото а и самите ќе го почустваат и на овој и на идниот свет.

Денес живеејќи во едно развиено опшество, опшество кое ги ужива сите благодети на напредок и развој, опшество кое се декларира како демакратско и во кое сите луѓе се слободни со право на глас и слободна мисла, можеме да увидиме дека и покрај огромните благодети кои ни се дадени од Бога, сепак таа борба на доброто и лошото и те како е присутна и може да се види на секој чекор. Она што според мене е многу лошо е тоа што младината, иднината на ова опшество е се повеќе и повеќе оставена самата на себе, без никаква контрола и воспитување од страна на родителите, кои тргнати во освојување на материјални добивки, забораваат на нивните деца и ги препуштаат на улицата и мадиумите да се грижат за нив и да ги воспитуваат како што тие сакаат. Од тука многу често можеме да видеме пијани и издрогирани момчиња и девојки кои до раните утрински часови лумпуваат во разни дискотеки на некоја транс – ѓаволска музика, која уште толку им го поматува умот и ги прави да бидат полоши и од животните.

Друго исто така што можеме да го видиме во нашето опкржување е се поголемата и поголема разголеност на девојките кои водени од светот на трендот и модата со секоја измината година се повеќе откриваат дел од своето тело и со тоа сакат да го свртат вниманието кон себе. Ова во последните години доста им успева од причина што така облечени, со парче минијатурна облека на себе, се сликаат насекаде и такви слики јавно ги постираат на Фајсбук, за да целиот свет ја види таа нивна голотија. Ова само по себе повлекува разни манијаци кои не бирајќи сретсва и начин, стапуваат во контакт со овие најчество малолетни деца, па тука многу често може да се слушнеме приказни за разни педофили и хомосексуалци кои со помош на интернетот дошле во контакт и при тоа го злоупотребиле момчето или девојчето. Исто така опкружени сме и од многу голема проституција и хомосексуалност, се со цел да се дојде до што повеќе материјални срества кои им требаат да купуваат уште облека, последни марки телефони, и се така во круг, додека еден ден не дојде најлошто а тоа е посегнување по сопствениот живот, зошто човекот не е создаден да биде роб на материјата туку да биде роб на Бога и неговите прекрасни закони.

Но за да некој тргне по патот на вистинските вредности, за да тргне по патот на вистината, треба да биде поучен од родителите, кои пак ќе повторам влезени во врлогот да се спечали што повеќе материјални сретсва немаат време за себе а не пак за своите деца. Мајката како столб на семејството, како прво училиште на децата, ја заборавила својата примарна улога во ошетсвото, а тоа е дека треба да биде учителка, воспитувачка, да биде онаа која ќе одгледува силни и морало здрави генерации, па во потрага по „вистинската професија“ и изградба на кариера, се изгубила и самата себеси. И некој можеби сега ќе помисли дека лошото толку многу навлегло во сите пори на ошстевото што веќе не постои добро или пак сосема малку како зрак на надеж се појавува. Но не е така, доброто е тука околу нас и во сите нас. Можеби кај некој повеќе кај некој помалку но сепак го има во сите, само што треба да го побараме и да му направиме место да излезе. Добро е тоа што живееме во опшество каде што ги уживаме сите благодети на технологијата која ни помага во училишните процеси и со тоа нашето знаење е се поголемо. Добро е тоа што луѓето се повеќе и повеќе се образуваат, се стекнуваат со знаење, а со самото тоа и размислуваат со своја глава и не дозволуваат некој да им го трасира патот кој е добар за нив, туку тие самите знаат што е добро а што е лошо.

Добро околу нас, се и добри луѓе кои ги има се повеќе и повеќе, кои водени од Божјите закони, сакаат на секого да му помогнат, секого да го посоветуваат, да им подадат рака на паднатите, да им го осветлат патот на изгубените. Такви не помогаат само на околината што ги опкужуваа, таквите се грижат за целото човештво и на било кој начин се трудат да помогнат и во најдалечни места од светот ако слушнат дека има гладни, жедни, обесправени. Треба да ги побараме таквите луѓе, и да учиме од нив, зошто од нив може да се научи, само за добрина и љубов. Добро е тоа, што имаме развиено здраството, образование, инфраструктура, имаме професионалци од сите области, доктори, стоматолози, инжињери, информатичари, професори, и многу други кои допринесуваат ова опшество да биде развиено и да оди кон добро.

А најдобро од се е што се повеќе и повеќе од младите па и постарите се враќаат на изворите на оваа наша прекрасна вера, која не учи само на прекрасни работи и ни го олеснува животот и ни го покажува начинот како да се бориме против лошото и од неа црпиме сила и светлина која се манифестира на нашите лица, во нашето однесување, во секој сегмет од нашиот живот. Само човек свртен кон Бога може да биде човек во вистинска смисла на зборот. Може да биде добар човек кој ќе прави добри дела. За крај само сакам да кажам, дека колку и да ни изгледа лошо нашето опкружување, колку и да лоши работи се случуваат, колку и да мислиме дека нема излез од некоја лоша ситуација, со искрена молба до Бога и со правење на добри дела, лошото како меур ќе се распрсне и ќе замине во заборав, а само доброто ќе остане.

 

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име