он

Франција повика на итна седница на Советот за безбедност на ОН во врска Сирија

Француското Министерство за надворешни работи во неделата повика на итна седница на Советот за безбедност на ОН заради влошувањето на ситуацијата во Сирија.

Францускиот повик уследи откако турските војници и сириските опозициски сили ја нападнаа курдската енклава во северна Сирија, во обид да ја протера курдската милиција во американско сојузништво од овој регионот.

Министерството во соопштението за печат наведува дека францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, во неделата разговарал со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Франција побарала од турските власти “да дејствуваат со воздржаност во контекст на влошена хуманитарна ситуација во неколку сириски региони”, се вели во соопштението.

Франција, исто така, го осуди “неселективното бомбардирање” од како што се нарекува “сириски режим”, кои во последниве неколку недели за цел ги имаат населените подрачја и медицински центри во северозападната провинција Идлиб, пренесува Асошиетед прес.

Извор: Фена




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 3 = one