asad

Сирија ги негира обвинувањата за користење на хемиско оружје

Сириската влада во средата соопшти дека тврдењата на САД и Франција дека користеле хемиско оружје представуваат “лаги”.

Во вторникот, американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, изјави дека е можно сириската влада да користи хемиско оружје после сомнителниот напад на хлор во бунтовничката Источна енклава Гута во понеделникот.

Во соопштението објавено од страна на државната новинска агенција Сана, сириското Министерство за надворешни работи соопшти дека ваквите тврдења “имаат за цел да ги попречат сите напори за изнаоѓање излез од кризата во Сирија”.

Сирија во 2013 година објави дека го предала целото хемиско оружје.

Во изминатите две години, заедничката истрага на ОН и Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОРЦВ) покажа дека сириската армија го користела нервниот агент Сарин и неколку пати користела хлор како оружје.

Сириската армија и владата постојано негираат употреба на хлор или друго хемиско оружје за време на војната, која сега влезе во својата седма година.

“Сирија отсекогаш покажала соработка и ги обезбеди неопходните услови за непристрасна, објективна и професионална истрага за употребата на хемиско оружје”, рече Сана, додавајќи дека “Запад” ги попречувал овие процеси заради сопствените политички цели, објави Ројтерс.

Извор:(Vijesti /ФЕНА)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− seven = 0

%d bloggers like this: