Исламот е втората најраспространета религија во Русија по Православната. Околу 20 милиони муслимани живеат во најголемата земја во светот и тие сочинуваат околу 15% од руското население. Убедливото мнозинство на руски муслимани се сунити, околу 10% се шиити, а исто така има и ахмади муслимани. Повеќето муслимански популации се наоѓаат во републиките Башкортостан и Татарстан. Меѓу Црното Море и Каспиското Море постојат бројни муслимански народи како Чеченците, Балкарите, Ингушите, Карачаните и бројни Дегестански народи. Во центарот на сливот на Волга населени се Бугари и Башкири, од кои повеќето се муслимани. Се проценува дека помеѓу 1,5 и 2 милиони муслимани живеат во Москва. Главниот град на Русија, според тоа, е најголемиот муслимански град во Европа. Значајно муслиманско население сè уште постои во областа Оренбуршк и Астраханската област, Сибир и на други места.

Русија официјално го признава исламот, заедно со другите религии, како интегрален дел од сопствената култура. Но, државата верува дека руските муслимани мора да останат лојални на нивниот авторитет. Организации кои се во војна со руската држава од која било причина на крајот се забранети. “Традиционалниот ислам е неотуѓив дел од духовниот живот на нашата земја”, изјавил рускиот претседател Владимир Путин во септември 2015 година на отворањето на московската џамија, една од најголемите во Европа. Може да добие прими околу 10.000 верници. Реконструкцијата на џамијата беше завршена во 2015 година и траеше неколку години. Оригиналната структура на московската џамија била изградена во 1904 година. Во руската престолнина има и пет други џамии.

Image result for putin and erdogan open mosque in moscow

Русија има првично мултикултурно општество кое е формирано со векови и овој мултикултурализам се одвиваше и покрај турбулентните историски настани. Во империјалната Русија, муслиманите претрпеле различни форми на дискриминација, како што се отуѓување на земјиштето и присилна миграција, но властите никогаш не се обидувале да спроведат протерувањето на муслиманите, како што се случило во Португалија и Шпанија, делумно поради тоа што населението било хетерогено. Комунистичките власти на СССР го потиснаа исламот, како и сите други верски заедници, а повеќето од џамиите биле затворени. По независноста на Русија, во 1990-тите имаше еден вид помирување на руската држава и руските муслимани. Бројот на верници кои од Русија заминувале во Мека од 1991 година драстично пораснал.

Од доаѓањето на Путин на власт, исламот доживеа вистинска преродба. На пример. Путин изјави дека православието е многу поблиску до исламот отколку до католицизмот. Според рускиот лидер, “традицијата на просветлен ислам” се разви во Русија во период од неколку стотини години, а руската држава ќе продолжи да помага во продолжувањето на развојот на исламската теологија. Изјавата на Путин добро ја оцртува официјалната позиција на руските власти кое отприлика гласи: Исламот е мирна и пријателска религија која нема ништо заедничко со испревртени интерпретации на исламот кој го промовираат радикалите и терористите. На прес-конференцијата во декември 2016 година, Путин изјавил дека се спротивставува на комбинирањето на зборовите “ислам” и “терор”.

Заедно со изворното муслиманско население што со векови живеело во Москва и со муслиманските народи на Кавказот и на други места, од почетокот на 2000-тите години, т започнаа да се случуваат трендови милиони муслимански работници средна Азија да се преселуваат во Русија во потрага по слабо платени работни места. Исто така видливо е и присуството на муслимани од субсахарска Африка, Индискиот потконтинент и Блискиот Исток. Многу од новодојдените муслимани се соочуваат со неверување, страв и сомневање за локалното население поради искуството на двете чеченски војни и меѓународниот тероризам.

И секуларните руски државни власти и руските муслимански свештеници ја нагласуваат големата разлика меѓу радикалниот исламизам, кој има тенденција да се трансформира во тероризам, а традиционалниот ислам е толерантен и не се базира само на Куранот, туку и на обичаите на муслиманските народи кои опфаќаат почит и мирен соживот со други верски заедници. Во зависност од регионот, рускиот ислам поинаку се подразбира и перципира заради географската и демографската разновидност на Русија. Поинакви се локалните традиции  во Татарстан, Башкарија, Кавказ и др. Покрај тоа, муслиманската заедница во руските земји нема ниту единствено духовно водство кое би создало единство како што има православната и католичката црква во христијанството.

Наместо единствена линија од центарот, секој регион има свои муслимански лидери и теолошка администрација, а многу од исламските заедници не се ни дури признати надвор од своите региони. Во исто време, постојат заеднички карактеристики на руската форма на традиционалниот ислам. Повеќето руски муслимани се придржуваат на сунитите и припаѓаат на училиштата за исламско учење (мислење) кои привлекуваат инспирација од Куранот и историско-традиционалните обичаи. Таквата руска форма на исламот е поумерено толкување од, на пример, поконзервативна форма на исламот која е доминантна во некои арапски земји како Саудиска Арабија.

Клучниот и најголем предизвик за традиционалниот ислам е го сочинуваат Селефиите, исламистите кои повикуваат на “прочистување” на исламот, враќање на правилата на исламот од 7 век и строго однесување на секојдневниот живот на законите врз основа шеријатот. Повеќето Руси ја затвориле вратата за селефизам и исламски радикализам. Еден од доказите е Исламската конференција што се одржа во Грозни во август 2016 година, кога беше издадена фетва, најавувајќи дека селефиите, вехабиите и сите други радикали во исламските редови треба да се сметаат за секти и непожелни елементи на руската територија. Во исто време, заедницата селефиите не е официјално забранета и продолжува да постои во Северниот Кавказ. Според организацијата за човекови права Меморијал за Северниот Кавказ 2015/16. Умереното крило на селефиите е лојално на државата и се противи на насилството. Во исто време, извештајот тврди дека властите вршат притисок врз селефиите, внимателно ги следат и надзираат сите нивни активности.

За разлика од селефиите, некои други исламски организации се на листата терористички и екстремистички групи и се целосно забранети на руска територија. Со јасно декларирани и добро познати терористички организации како што се ИСИЛ и Ал Каеда, на листата постојат и движења кои јавно не покажувале отворено насилство против Русија, како што се Хизб ут-Тахрир и Муслиманските браќа, кои се на листата за забрана од 2003 година.

Причината зошто овие две организации се забранети е фактот дека властите имаат негативно мислење за мешањето на политиката и религијата. Покрај тоа, во Русија е законски забрането е формирање политички партии на верски принцип. Добро е познато дека идеологијата на Хизб ут-Тахрир бара воспоставување калифати, додека Муслиманските браќа се обидуваат да создадат симбиоза меѓу демократијата и поредок осниван шеријатот. Тоа е причината заради која  руската држава ги смета овие движења за непријателски. Од друга страна, државните власти пријателски се расположени кон исламот и другите верски заедници кои работат во религиозна, културна и социјална сфера без политички аспирации.

Во последните десет години, Кремљ успеа од руските муслимани да направи лојални субјекти на модерната Русија, што е слабо забележително кај другите западни земји, во странство. Голем дел од ова значително се промени од времето на чеченските војни. Современите руски власти, предводени од Владимир Путин, сфатија дека односот кон исламската заедница е едно од виталните национални прашања на кои зависи иднината на Русија. И властите практично маестрално ги уредија односите со своите муслимани. Тие им дадоа права, слободи, репутација, државна поддршка под услов да бидат лојални на државата. И двете страни тоа го прифатија. Воспоставени се добри односи меѓу државните власти во Кремљ со региони и републики со значително муслиманско население, како што се Чеченија, Татарстан и Башкортостан. Теологијата (рускиот) Исламот е совршено во поклопува со неофицијалната државна идеологија на Русија, која почива на традиционално-конзервативни вредности, што уште се нарекува нелиберална демократија. На пример. Самиот Путин лично ги повика руските муслимани да развијат “свое исламско теолошко училиште кое ќе обезбеди суверенитет на рускиот духовен простор”.

Руските муслимани ги имаат сите права се додека се клонат од странските влијанија од споменатата Саудиска Арабија или Турција. Руските муслимани ја поздравија анексијата на Крим во 2014 година и затоа муслиманските верски водачи беа активни на полуостровот убедувајќи ги тамошните муслимани, особено кримските татари, дека ќе им биде подобро во Русија отколку во Украина. Ниту руската интервенција во Сирија, која започна во 2015 година, не ги отуѓи руските муслимани од државната политика на нивната земја. Навистина, муслиманските верски водачи ја поддржаа интервенцијата како средство за смирување на Граѓанската војна во Сирија, и остана со Русија дури и кога заладија односите со Турција.

Путин во 2016 година даде лична проценка дека од Русија и Заедницата на независни држави од пет до седум илјади џихадисти се борат во Сирија и Ирак. Со полемо почитување на сите други причини, тука лежи главната причина за руската интервенција, а тоа е да се спречи можното прелевање на радикалниот исламизам од Сирија до јужните руски провинции и Сибир. И русите успеаја. Исто така, руските муслимани се составени од вистински руски патриоти кои можат да бидат задоволни со нивниот статус.

извор (и): www.rbth.com | www.rt.com | risu.org.ua | nationalinterest.org | www.washingtonpost.com | www.aljazeera.com | sputniknews.com | sputniknews.com

Откажи одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молам ставете го вашето име