s-400

Во моменти на ескалација на нови судири, Русија достави, 4 дополнителни С-400 системи во Сирија

Руската армија предаде нови единици на против-воздушните системи С-400 во Сирија, потврди  вчера руското Министерство за одбрана.

На видеото што беше објавено денес може да се види доаѓањето на четири S-400 системи. Два биле доставени во  руската воздушна воена база Хмеимим, додека другите две  по морски пат биле доставени до базата Тартус.

Потсетуваме, Русија за првпат постави S-400 системите во Сирија, откако турските сили во 2015 година “урнаа“ еден од нивните воени авиони.

ВИДЕО:

Руското министерство не ја коментира причината заради која дополнително ја зајакнува против-воздушната одбрана, откако Русија објави дека го намалува бројот на силите во Сирија, но околностите доаѓаат во времето на ескалација во северна Сирија, каде што турската армија започна со интервенција во провинцијата Африн против сириските Курди.

извор (и): www.rt.com




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 − four =