1

Абу Даби: Почина мајката на претседателот на ОАЕ

Шеика Хеса бинт Мохамед бин Калифа Ал Нахјан, мајката на шеикот Калифа, претседател на Обединетите Арапски Емирати, и првата жена на Шеикот Зајед бин Султан, основач на ОАЕ, утринава починала во својот дом.
oae-pretsedatel
Фото:Претседател на ОАЕ Sheikh Khalifa bin Zayed Al Nahyan,
Министерството за претседателски прашања денес издаде соопштение во кое се вели: “Во името на Аллах, милостив, семилосен. Неговото височество Шеик Калифа бин Зајед Ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати, ја оплакува смртта на Нејзиното Височество починатата Шеика Хеса бин Мохамед Ал Нахјан, кој почина денес. “
Министерството објави тридневна официјална жалост во неделата, за време на која знамињата на ОАЕ ќе бидат поставени на половина копје.
Сочувство до претседателот на ОАЕ денес упатија голем број на светски лидери, како останати фунцкионери, пренесувајќи ја својата жалост и сочувство преку социјалните мрежи.

Шеиха Хеса беше ќерка на шеикот Мохамед бин Калифа бин Зајед Ал Нахјан и внуката на Шеик Зајед бин Калифа, позната како Зајед Први.

Шеик Калифа бин Зајед бин Султан е родена е во Каср Ал Муваии во Ал Аин во 1948 година.

Молитвите за мајката на претседателот на ОАЕ, Шеик Калифа, како и кланање на џеназе намаз се одржуваа попопладнево во  џамијата  Ал Мутаареед во Ал Аин.
2

Извор:WAM/ Farah Heiba/Rasha Abubaker /Фото:Gulfnews




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


+ eight = 15