fotolaga

(Фото) Припадниците на ПКК прикажале фотографија на соборен авион во Украина и ја пласирале како од Африн

Припадници на терористичката организација ПЈД / ПКК, со цел клеветење на операцијата “Маслиново гранче“, на социјална мрежа споделија фотографијата на малезиски авион кој беше соборен во Украина со тврдење дека станува збор за бомбардер на вооружените сили на Турција соборен во Африн.

Фотографијата е направена во јули 2014 година и ги прикажува остатоците на патничкиот авион на Малезија ерлајнс, јави агенцијата Анадолу (АА).

Членовите на гореспоменатата организација на социјалните медиуми продолжија да ја клеветат операцијата што ја започнаа турските вооружени сили (ТСК) во Африн на 20-ти јануари.

Во кампањата на клеветење, членовите на терористичката организација на социјалните мрежи исто така делеа фотографија со опис дека цел на Турција во Африн се децата. Точно е дека горенаведената фотографија е направена на 18 мај 2015 година и на неа се наоѓаат деца од јемен кои ги покриле своите ушите бидејќи се плашат од звукот на бомбите.

Исто така, фотографија е споделена со описот како YPG врши ракетни напади врз Африн, а таа била снимена на 23 март 2011 година во Либија.

Агенцијата Анадолу (АА) покажа дека многу фотографии споделени со цел клеветење на операцијата на ТСК и операцијата “Маслиново гранче“ немаат никаква врска со операцијата.

Згора на тоа, поддржувачите на терористичката организација ПЈД / ПКК споделија фотографија наградена на натпреварување на АА  Istanbul Photo Awards со опис дека е направена во Африн.

Извор:faktor




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − = 7