ПЛАСНИЦА:По повод големиот Исламски празник Рамазан Бајрам, на барање на Општина Пласница, а потпомогнато од страна на Министерството за Култура на Македонија денес (Сабота),со почеток во 18.00 часот во просториите Основното училиште”Мустафа К.Ататурк”с.Пласница се одржа свеченост проследена со музичка изведба на браќата Абдула од Република Турција како и фолклорни танци, во изведба на културно уметничките друштва Танец, Китка и Младост.

На свеченост присуствуваа граѓани и представници на општина Пласница,меѓу кои и градоначалникот Исмаил Јахоски,кој ги поздрави и им го честита Рамазан Бајрам на присутните граѓани и гости.

Са ваквата свеченост, на некој начин сакавме да му придодадеме, и обележиме важност на овој наш голем исламски празник,и се надеваме дека преку ваквите свеченост како традиција да продолжиме и понатаму со овие за нас значајни датуми во исламскиот календар, особено кога станува збор за исламските празници како Рамазан и Курбан Бајрам, стои во известувањето доставено до редакцијата на Дубаи Портал.