(Фото) Пожар зафати муслимански гробишта на населбите Преглово и Пласница

0

Денес нешто околу 16.00 часот пожар избувна на дел од населба Пласница, каде се наоѓаат заедничките гробишта на населбите Преглови и Пласнца.

До моментот на објавување на оваа информација, потврдено ни е дека е направена голема материјална штета на мермерните обележја (нишани) на гробиштата, а пожарот сеуште не е локализиран.

Според информацијата доставена до нашата редакција, од страна на г-динот Нуредин Сефероски жител на населба Преглово. Штетите од пожарот можеа да бидат далеку помали доколку навремено интервенираа против пожарните екипи, иако во текот на пожарот пристигнале две против пожарни коли, кои сеуште се обидуваат да го локализираат-изгаснат пожарот, за жал ниту жителите на двете населби и покрај апелите, не најдоа за сходно да помогнат во гаснење на овој пожар, кој за жал ги зафати мезарите (гробови) на нашите родни и пријатели, апелирав уште од самиот почеток, што е можно побргу да се стапи во акција за спречување на пожарот, контактирајќи ги против пожарните екипи стои во краткото известување доставено до нашата редакција од страна на г-динот Сефероски

Причните за избувнување на пожарот сеуште не се утврдени, бидејќи сеуште против пожарни екипи се наоѓаат на терен во обид да го локализираат пожарот и спречат понатамошно проширување и во другите делови помеѓу овие две села.

 

Фото: Фејсбук.Нуредин Сефероски