КОГА СПОРТОТ НЕ Е СПОРТ: ИЛИ ЌЕ ГО СМЕНИТЕ ИМЕТО ФЕНЕРБАХЧЕ ИЛИ НЕМА ДА ИГРАТЕ..

0

Или ќе си го смените спонзорот (Кафетерија- Фан клуб Фенербахче-Кичево) и името на клубот (Фенербахче), или нема да играте во полуфиналниот натпревар од понатамошните натпреварувања од турнирот во мал фудбал ТИХО МИРАВЦИ – Општина Гевгелија по повод 30 години јубилеј.

(Фото/Фејсбук) Кратка изјава на организатор на натпреварувањето ТИХО МИРАВЦИ.

Почитувани, со овие зборови денес бевме известени од страна на организаторот на оваа натпреварување за нашето понатамошно учество, односно нашиот фудбалски клуб кој треба да игра во полуфиналето – стои во реакцијата на г-динот МУАМЕР КОЏАЏИК -(Масаро), кој од 1989 година го води и менаџира овој клуб, во голем број натпреварувања, и дека досега не се соочил со вакво неспортско и дрско однесување од страна на организатори на вакво натпреварување.

Едноставно, не знам што да изјавам, бевме затекнати од ваквото неспортско и нечовечко однесување на организаторот на овој турнир, кој и покрај нашето настојување да ни биде доставено образложение зошто треба да го смениме името на клубот како и спонзорот кој го финансира овој клуб, не добивавме никакво известување.

Во повеќе наврати баравме известување преку контактите со кои располагаме, меѓутоа или бидуваме блокирани на мобилен, како и на фејсбук.

Би сакал да ја известам, онаа вистинската спортска јавност како и надлежните органи на Македонија, за овој сериозен настан, за кој едноставно не постои, и несме добиле никакво образложение за ваквото однесување и третирање кон нашиот клуб, од каде може да се заклучи дека сепак причината е тоа што името Фенербахче доаѓа од Турција, односно турскиот познат фудбалски клуб, а чие име од 1989 година го носи и овој наш клуб и спонзор во Македонија-Кичево

За ваквиот настан, запозната е, и испратен допис до Фудбалската Федерација на Македонија, од каде очекуваме нивна реакција по повод овој не спортски настан, кој во нашиов град, а и во Македонија, може да предизвика нарушување на меѓунационалните односи, во ова наша заедничка држава, и тоа токму заради тоа што на некого не му се допаѓа името Фенербахче, и токму заради тоа што доаѓа од Турција.

Ние сме навикнати да спортуваме, натпреваруваме и организираме натпреварување ширум оваа наша држава без и било какви предрасуди за тоа кој на која националност припаѓа, и чие име го носи клубот.

Колку за потсетување, дека фудбалскиот клуб Фенербахче (Кичево), е отворен за сите оние кои сакаат да спортуваат и дека нема никаква политика или предрасуда, а сообено за било каква национална припадност, би сакале да известиме дека нашиот клуб (Фенербахче) е составен од страна на 90% наши сограѓани и жители Македонци, одосно фудбалери Македонци.

На крај, одесувањето на организаторот со својата дрскост ја достигна и кулминацијата кога пред да ги прекине контаките со нас, започна во однос на термините за играње да нё известува како ќе му падне, односно “ќе играте утре, како не пак можеби задутре“,или “ полуфиналето ќе се игра денес, а финалето кога ќе можело“, до пред да стави точка дека сепак името Фенербахче е проблем.

Очекуваме наскоро со соопштение да излезе и ФФМ, и стави крај на ваквите нечовечки, и неспортски однесувања, осовено кога станува збор за организирање на било какво натпреварување, бидејќи постојат институции кои се надлежни за тоа, а нас ни останува да се занимаваме како и секогаш со спорт, а не со политика и национални поделби..

Стои во кратката изјава доставена до нашата редакција од страна на менаџерот Муамер Коџаџик – Масаро.