„Се спротиставивме на оние кои сакаат Турција да биде според нивни сопствени сценарија“

0

БАЛИКЕСИР (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во турскиот град Баликесир порача дека неговата земја со својата волја и своите цели се спротиставила на оние кои според сопствените сценарија настојуваат да ја обликуваат Турција и целиот регион“, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во моментот кога одлучивме со својата волја и своите цели да излеземе и да се спротиставиме на оние кои настојуваат нашата земја и целиот овој регион да го обликуваат според сопствените сценарија, оттогаш влеговме во една голема борба. Ние како народ и држава поради тоа никогаш не се покајавме“, порача Ердоган.