Неизмерната благодарност му припаѓа на Возвишениот Аллах, Господар и Створител на сите светови, Милостив, Семилостен, Владетел на Судниот ден и нека е Аллаховиот благослов и мир на Неговиот пратеник и миленик Мухаммед а.с., неговите асхаби-пријатели и сите оние кои ќе го следат до Судниот ден. Амин!

Во понеделник, 10 септември 2018 година, со заоѓањето на сонцето после акшам намаз, последен ден во месецот Зул-Хиџџе, ни доаѓа Новата муслиманска Хиџретска 1440 година.

Обележувањето на Новата хиџретска година е добра можност да научиме нешто ново за исламскиот календар и фокусот да го ставиме на важноста на времето и почитувањето на духовниот религиски календар.

Хиџра, или преселба на пратеникот Мухамед а.с. и асхабите од Мека во Медина во 622 година претставува прекрасен и величенствен настан во историјата на муслиманите, кој им овозможи на муслиманите да станат организирана и одговорна духовна заедница способна да ги преведе вредностите на исламот во општествениот живот.

Хиџра беше исклучително тешка, болна и ризичен потфат бидејќи од малата религиозна група предводена од Мухамед ас. беше побарано да ги напуштат своите домови и да ја прифатат помошта и заштитата на жителите на Медина. Поради оваа голема жртва, Кур`анот на сите Мухаџири и Енсарии им ги гарантира џенетските награди.

Со оглед на големината и значењето на Хиџра, по предлог на халифах Омера р.а, пресметувањето на времето во исламскиот календар се одредува токму од овој настан.

По повод овој светол настан за муслиманите, во џамиите ширум Балканот, муслиманите со низа на пригодни свечености ќе го одбележат и дочекаат овој настан, односно новата 1440  хиџретска година.

Хиџретската нова година представува државен празник во земјите како што се: Бангладеш, Комори,Џибути,Египет, Индонезија,Ирак, Иран, Јордан, Кувајт,Либан, Либија, Малезија, Малдиви, Мавретанија, Мароко, Сенегаи л, Судан, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Тунис и Јеменн.

По повод утрешниот празник за муслиманите редакцијата на Дубаи Портал на сите муслиманите им посакува среќа, бериќет и многу здравје во НОВАТА ХИЏРЕТСКА ГОДИНА 1440 година.