Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во официјална посета на Германија, прва таква посета во својство на претседател, јавува Аnadolu Agency (AA).

Претседателот Ердоган и првата дама, Емине Ердоган, на берлинскиот аеродром „Тегел“ беа пречекани од високи германски претставници.

Ердоган е придружуван и од турските министри за економија, финансии, трговија и индустрија.

Германските канали ја пренесуваа во живо церемонијата на пречек на турскиот претседател на аеродромот, каде што беше поздравен од почесната гарда со 21 почесен истрел.

Пред започнувањето на официјалните средби во Берлин, Ердоган повика на отворање нова страница во турско-германските односи, во статија објавена во германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (Frankfurter Allgemeine Zeitung).

„Драматичните случувања во светот ја бараат неопходноста и за Германија и за Турција да отворат нова страница во билатералните односи, да ги остават настрана своите разлики и да се фокусираат на нивните заеднички интереси“, истакна тој.

Во текот на утрешниот ден Ердоган ќе оствари средба со својот германски колега Франк-Волтер Штајнмајер, и ќе се состане со канцеларката Ангела Меркел.

Меркел ќе организира ручек во чест на Ердоган во Сојузното канцеларство, а двајцата лидери ќе се сретнат повторно в сабота на работен доручек на кој ќе разговараат за билатерални и меѓународни прашања.

Односите меѓу Анкара и Германија во последните години се движеа во назадна насока, но и двете страни во последните месеци презедоа чекори кон подобрување на односите.

– Зајакнати безбедносни мерки во Берлин –

Германските власти ги подигнаа безбедносните мерки на највисоко ниво во центарот на Берлин во пресрет на посетата на Ердоган.

Берлинската полиција денес соопшти дека во Берлин ќе бидат распоредени околу 4.200 полицајци, со цел зајакнување на безбедноста во текот на посетата.

Како дел од овие мерки, затворени се главните сообраќајници во близина на Владата.

Во рамките на посетата, Ердоган в сабота ќе отпатува во германската федерална покраина Северна Рајна-Вестфалија, каде што живее голем дел од турската популација во Германија.

Во Келн Ердоган ќе присуствува на церемонијата на свеченото отворање на Централната џамија, една од најголемите џамии во Европа.Image may contain: one or more peopleImage may contain: one or more peopleImage may contain: 3 people, people smilingImage may contain: 3 peopleImage may contain: 1 person, smilingImage may contain: 1 personImage may contain: 1 personImage may contain: car and outdoorImage may contain: 1 person, standing and suit