„За“ гласале 91,03 проценти, „против“6,03 отсто од 710 избирачки места

0

Според првичните податоци што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) на својата веб страница од обработени 20 проценти од избирачките места, „за“ на референдумското прашање се изјасниле 91,03 проценти, а „против“ биле 6,03 проценти.

Граѓаните на Македонија на денешниот референдум се изјаснуваа за прашањето „Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“.

Според последните објавени податоци од ДИК, одѕивот на референдумот до 18.30 изнесувал 34,09 проценти.