Ердоган: Секоја криза носи и многу можности

0

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара изјави дека Турција стои на своите нозе и дека неговата земја никому нема да му паѓа на колена, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган денеска во Анкара говореше на состанокот со претставниците на Партијата на правдата и развојот (АК Партија,) при што се осврна и на актуелните случувања. Во фокусот на обраќањето на Ердоган беа и актуелните манипулации околу состојбата во турската економија.

Како што рече, движењата во врска со курсот на турската лира (ТЛ) не можат да се објаснат само со економски причини.

„Кога ова го зборувам, на ниту еден начин не сакам да бегам од одговорност, ние само правиме проценка на актуелната ситуација. Изјавите на оние кои се наоѓаат во карактерот на оваа криза јасно покажуваат дека проблемот ескалираше врз темелот на различни причини и мотиви“, порача Ердоган, и додаде:

„Никогаш не смееме да заборавиме еден факт, а тоа е дека секоја криза со себе носи и многу можности.“ Ердоган, исто така нагласи дека верува дека турскиот приватен сектор има вештина актуелната криза да ја претвори во шанса.

„Со своите решенија и со своите програми, ние нашата земја ќе ја донесеме до зацртаната цел. Турција е земја која стои на своите нозе и никому нема да му паѓа на колена“, рече Ердоган.

Ердоган говореше и за борбата против тероризмот и порача дека Турција решително ќе ја продолжи борбата на тој план.

„Ќе ги уништиме сите терористи и во Ќандил и во Санџар. Тие ќе бегаат, а ние ќе ги гониме. Никогаш нема да имаат сила да ги нарушат мирот и благосостојбата на овој народ“, порача турскиот претседател Ердоган.