КИЈЕВ : Порошенко воведува воена состојба, рaстат тензиите во односите помеѓу Русија и Украина

0

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска потпиша декрет за одлуката на Националниот совет за безбедност и одбрана за воведување на воената состојба во Украина до 25 јануари следната година, објавено е на веб-страницата на украинскиот претседател.

Претседателот на Украина потпиша декрет откако Руската крајбрежна стража заплени три украински бродови на Црно Море во близина на Крим.
Со цел одлуката да стапи на сила, одобрението на украинскиот парламент е неопходно, објави Ројтерс. Според украинските медиуми, декретот претходно бил одобрен од Советот за безбедност.

“За да ја активираме одлуката на Националниот совет за безбедност и одбрана од 26 ноември 2018 година за итни мерки за да се обезбеди суверенитетот и независноста на Украина и воведувањето на воена состојба во Украина”, се вели во документот, според светските медиуми.
Во вчерашниот инцидент, шест украински војници беа ранети, од кои двајца потешко.
НАТО денеска повика итен состанок по повод Крим, додека Нормандијската четворка (Германија, Русија, Украина и Франција) ќе одржат претходно закажан состанок за ситуацијата во Украина.

Ројтерс објави дека Русија ги отфрли повиците на меѓународната заедница за ослободување на украинските морнари и три брода што ги запленија вчера, наведувајќи дека незаконски впловиле во руските територијални води.

Русија вчера го затвори Керчискиот теснец во близина на Крим и заплени два украински артилериски брода и теден брод влекач, кој наводно влегле во руските територијални води илегално, и игнорираа предупредувањето да сопрат и извршувале опасни маневри.
Денес Керченскиот теснец повторно е отворен, а генералниот директор на пристаништата во Крим Алексеј Волков изјавил дека пловењето низ мостот што ги поврзува Црното и Азовското Море се одвива нормално.

Извор: RSА