Катар излегува од OPEC

0

Катар соопшти дека во јануари 2019 година ќе ја напушти Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).

Катарскиот министерот за енергија Саад ал-Кааби рече дека катар во иднина исто како и другите земји ќе продолжи купопродажбата на нафта и нафтени деривати и дека до 19 јануари ќе ги исполни сите гаранции кои произлегуваат од членството во ОПЕК:

Катарскиот министер Ал-Кааби ја објави одлуката на земјата за напуштање на ОПЕК и рече:

„Од јануари ќе ја напуштиме ОПЕК. Одлуката за напуштањето утринава официјално му ја доставивме на раководството на ОПЕК. Како и сите земји членки на ОПЕК, ќе ги исполниме сите дадени гаранции“.

Ал-Кааби потенцираше дека напуштањето на Катар на ОПЕК ќе одигра мало влијание во одлуките за производство на организацијата и додаде дека не е лесно да се напушти организацијата чија членка бевме 57 години.

По оваа одлука на Катар, на 6 декември се очекува земјите членки на Катар да одржат конференција.

ОПЕК е формирана со цел да ги надгледува производствените квоти на големите производители на нафта во светот, а го сочинуваат : Алжир, Ангола, Еквадор, Екваторијална Гвинеја, Габон, Ирак, Катар, Конго, Кувајт, Либија, Нигерија, Саудиска Арабија, ОАЕ и Венецуела (Русија учествува како набљудувач). Овие земји контрилираат околу две третини од светските резерви на нафта и претставуваат 45% од вкупното производство во светот и половина од извозот на нафта.

По објавувањето на одлуката, дојде до пораст на цената на нафтата за пет насто.

Цената на еден барел нафта од типот Брент утринава се движи околу 62 долари.