„Никој повеќе не може да ѝ држи лекции на Турција за демократијата“

0

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес истакна никој повеќе не може да ѝ држи лекции на Турција за демократијата, за човековите права и слободи, јавува Anadolu Agency (AA).

„Оние кои се преправаа дека ги поддржуваат човековите права во текот на протестите во паркот Гези се слепи, глуви, неми за протестите во Париз“, нагласи Ердоган.

Тој го повика светот да емитува визуелни слики и снимки од протестите во Париз.