Од учеството на ДТВ на свечениот прием по повод 21.декември денот на турската настава во Македонија

0

По повод 21 декември денот на турската настава во Македонија, во организација на Сојузот на турски невладини организации (МАТУСИТЕБ), а со поддршка на Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА), во просториите на хотел Александар Палас  во петокот оддржан беше свечен прием.

На свеченоста присуствуваа Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот на Турција, Реџеп Тајјип Ердоган, потпретседателот на Владата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Аднан Ќахил министер без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции, министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми, министерот задолжен за диаспора Едмонд Адеми, Халук Дурсун заменик-министер за култура и туризам на Турција, амбасадорката на Турција во Македонија Тулин Еркал Кара, претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) Сердар Чам, пратеници, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на државни организации и институции и на невладините организации.

По интонирање на химните на двете држави Ибрахим Калин, портпаролот на претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган, во своето обраќање до присутните на свечениот прием истакна дека е посебно задоволство турскиот јазик да се одблежува со свеченост.

Калин изразувајќи ја својата благодарност до сите што учествуваат во одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, им се заблагодари и на пријателите од Македонија поради гостопримството.

Тој истакна дека богатството на општеството, убавината, мирот и спокојството се наоѓа тука.

„Ви носиме поздрави од сите граѓани на Турција, од 81 милион, имате поздрави од Анадолија. Ви донесов поздрави од Истанбул, Бурса, Конја, Мардин, Урфа. Исто така тука сите ние имаме поздрав од Кудс, од Босна од Самарканд. Поздрав, почит и молитва од сите нас до тие убави градови, до тие простори каде што се зборува нашиот јазик и јазикот на нашето срце. Секако имате поздрави и од нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган”, рече Калин.

Министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил истакна дека Денот на наставата на турски јазик е многу значаен за Турците што живеат во Македонија.

Свеченоста, после завршување продолжи во спортската сала Борис Трајковски, каде пред присутните гости и представници на турското малцинство, ги забавуваше познатата турска пеачка Ѓулшен.

Во ова пригода, редакцијата на Дубаи Портал, им се заблагодарува на организаторите на ова свеченост за укажаната чест да биде дел од медиумите кои пресуствуваа и забележаа овој настан.