„Турскиот претседател Ердоган на 23 јануари ќе престојува во посета на Москва“

0

Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, денес потврди дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 23 јануари ќе престојува во еднодневна посета на Москва, јавува Anadolu Agency (AA).

Тој нагласи дека за време на еднодневната посета на претседателот Ердоган на Русија ќе бидат разгледувани теми во врска со билатералните прашања и сириската криза.

Калин потенцираше и дека борбата против тероризмот и терористичките групи кои како мета ја имаат Турција, ќе продолжат во секоја област.

„Целта на Турција во Идлиб, Сирија, е да ги осигура животите на населението и имотот“, додаде портпаролот на турското Претседателство.