Идентификувани 14 загинати во трагедијата,меѓу нив студенти и млада мајка

0
  1. Раметула Абдураими, единец во семејството Абдураими, работел во администрација во Скопје
  2. Валдете Хамити (1989), од Дебреште, мајка на две деца
  3. Јовица Трпевски, (27) од Гостивар, син на пратеникот Благојче Трпевски,  kошаркар на КК Гостивар
  4. Бесим Камбери, од гостиварското село од Сенокос, вработен во Скопје
  5. Онур Садику (19), од Гостивар, студент на Mедицинскиот факултет во Скопје, чие семејство живее и работи во хрватскиот град Пореч
  6. Есат Емрули, од Гостивар
  7. Ајдин Исмаили (19) од Гостивар, кој работел како туристички водич
  8. Бесим Фетаи, од Врапчиште
  9. Бејза Узеири, од Долна Бањица
  10. Зоран Давидовски (1981), , вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 бил раководител на Секторот за сообраќај.
  11. Бобан Аврамовски, студент на Факултетот за дизајн и мултимедија на ФОН
  12. Трпана Јаневска, пензионерка од Гостивар
  13. Дејан Ристевски, вработен во Народна банка на Македонија
  14. Павле Костоски, од Гостивар, вработен во Организација на потрошувачи на Македонија

Причините за несреќата се уште се утврдуваат.

Директорот на Институтот за судска медицина, Алексaндар Станков за МИА изјави дека е завршена е обдукцијата на телата на 13 патници, а за два часа се очекува да заврши и обдукцијата, која е во тек, и на уште едно тело.

Во тек е идентификациската постапка, која се врши заедно со МВР и утре би требало МВР да има официјална листа на загинати патници, официјално потврдена со идентитет.

Посочи дека извештајот ќе го достават до надлежен јавен обвинител.

– Нема утре да го доставиме, туку кога ќе ги завршиме анализите со извештаи за секоја обдукција. Тоа се 14 извештаи и треба обвинителот да ни каже што да работиме. Меѓутоа, идентитетот и листата на загинати ќе си ја има обвинителот, од полиција ќе си ја добие. Обдукциите од синоќа ги работиме, 13 се завршени, а на 14-тата се работи и за два часа ќе биде завршена, додаде Станков.

Автобусот се подигнува со кран, по што ќе се носи во касарната во Ѓорче Петров, каде што ќе продолжи увидот и ќе се изврши вештачење.

На местото на несреќата инспекторите претпладнево вршеа увид и ги обележуваа трагите на кочење.

Се очекува во текот на денот или утре јавното обвинителство да соопшти повеќе детали за несреќата.

Автобусот тргнал вчера по 16 часот од Скопје за Гостивар. Несреќата се случи околу 17 часот во близина на селото Ласкарци, во околината на Сарај. Според изјави на преживеаните патници, возачот на автобусот во еден момент изгубил контрола, по што автобусот преминал на другата страна на автопатот, ја пробил оградата и се превртел неколкупати. Автобусот падна во дол длабок 10 метри, каде има и објекти.

Автопатот е пуштен за сообраќај, но се уште е затворен за сообраќај стариот пат Скопје –Тетово, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

нова