Варанк: „На Антарктикот ја основавме нашата привремена научна база“

0

„Имаме проект за научна база на Антарктикот. Овој проект е проект произлезен преку визионерското политичко разбирање на нашиот претседател (Реџеп Таип Ердоган). Нашите научници моментално се наоѓаат на 3. експедиција на Антарктикот“

БОЛУ (АА) – Министерот за индустрија и технологија на Турција, Мустафа Варанк, истакна дека на Антарктикот е основана турската привремена научна база, јавува Anadolu Agency (AA).

Варанк, како дел од неговата посета на турскиот град Болу, рече дека овој град го посетиле во рамки на изборните активности, и дека околу 1 милион млади лица за прв пат ќе гласаат на локалните избори што ќе се одржат на 31 март оваа година во Турција.

Варанк нагласи дека во Болу дошле за да пренесат и една добра вест околу експедицијата на Турција на Антарктикот.

„Имаме проект за научна база на Антарктикот. Овој проект е проект произлезен преку визионерското политичко разбирање на нашиот почитуван претседател (Реџеп Таип Ердоган). Нашите научници моментално се наоѓаат на 3. експедиција на Антарктикот“, додаде тој.

Варан рече дека оваа научна експедиција била потребна со цел да формираат постојана база на Антарктикот.

„Нашите колеги ни ги испратија фотографиите. Во Антарктикот ја основавме нашата привремена научна база. Ова е една слика со која многу сме горди. Се гордееме со тоа што нашето знаме се вее таму. Овој процес е мачен, затоа упатуваме благодарност до нашите научници. Нека биде за добробитта на нашата земја“, нагласи турскиот министер Варанк.