Тешки денови за ФЕТО во Северна Македонија

0

Установите поврзани со терористичката организација на Фетула Ѓулен (ФЕТО), кои дејствуваат во Северна Македонија, минуваат тешки денови поради ефикасната борба на Турција и финансиските проблеми со кои се соочува организацијата

Установите поврзани со терористичката организација на Фетула Ѓулен (ФЕТО), кои дејствуваат во Република Северна Македонија, минуваат тешки денови поради ефикасната борба на Турција и финансиските проблеми со кои се соочува организацијата.

Организацијата, која изведе крвав обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, иако се обидува да го продолжи своето постоење во земјите од Балканот преку установи кои дејствуваат на различни полиња, како што се образованието и медиумите, поради финансиските потешкотии и немањето поддршка од локалното население, трпи тежок удар во регионот, благодарение на ефикасната борба на Турција и локалните невладини организации.

Иако колеџот „Јахја Кемал“ и весникот „Заман Македонија“, и други установи поврзани со ФЕТО во Северна Mакедонија, се сè уште активни, преку реакциите на населението со незапишувањето на учениците во училиштата поврзани со ФЕТО и необјавувањето на рекламите во весникот „Заман“, на терористичката организација, чии раце се крвави по обидот за пуч во Турција, ѝ се нанесува тежок удар од финансиски аспект.

– Се намалува бројот на ученици во училиштата на ФЕТО –

Директоратот на училиштата поврзани со ФЕТО, кои се соочуваат со финансиски проблеми, од центарот на Скопје е префрлен во други објекти, а колеџот „Јахја Кемал“, кој е дел од установите поврзани со ФЕТО и кој има две училишта во Скопје, поради намалениот број ученици, беше приморан да го испразни објектот на училиштето лоцирано во скопската населба Бутел.

Рекламното пано на колеџот кое беше поставено на плоштадот „Македонија“ во Скопје, по иницијатива на „Халкбанк“ – Скопје, беше отстрането, а на местото на кое претходно стоеше паното на „Јахја Кемал“, сега се истакнати паноата на Турската фондација „Маариф“ и паното на „Халкбанк“.

Колеџот „Јахја Кемал“, поврзан со ФЕТО, има свои училишта во Тетово и Гостивар, но поради намалениот број ученици во училиштето во Гостивар, учениците од овој град секојдневно се превезуваат во Тетово.

Според добиените информации, на наставниците – турски државјани кои предаваат во различни градови во Северна Македонија во училиштата поврзани со ФЕТО, иако не им се продолжени патните исправи и престојот во земјата, на нелегален начин продолжуваат да работат во овие училишта.

Припадниците на ФЕТО кои избегаа од Турција, кои немаат дозвола за престој и виза во земјата, на нелегален начин ги школуваат своите деца во училиштата на терористичката организација ФЕТО во Северна Македонија. Всушност, потребна е депортација и на наставниот кадар во училиштата кои немаат патна исправа и дозвола за престој и на учениците.

Од друга страна, интересен е фактот дека во училиштата поврзани со ФЕТО во земјата, не им е дозволено школување на ученичките со марама на глава, ниту пак вработуваат наставнички персонал со марама. Ако се земе предвид законот, не постои такво ограничување за наставниците и учениците во Република Северна Македонија. Во земјата, независно дали се со или без марама, доколку тоа е соодветно и во согласност со одредени предуслови, учениците можат да посетуваат настава и наставниците да предаваат.

Во меѓувреме, се дознава дека одреден број родители кои сакале да ги испишат своите деца од училиштата поврзани со ФЕТО и да ги запишат во училиштата на „Маариф“, при испишувањето биле уценувани дека нема да им бидат дадени потребните документи за трансфер. Лица од училиштата на ФЕТО не им ги даваат документите за трансфер на учениците при испишувањето, потребни за запишување во друго училиште, иако тоа е во спротивност со законската регулатива.

– Се затвора „Заман Македонија“ –

Покрај колеџот „Јахја Кемал“, уште една институција поврзана со ФЕТО, весникот „Заман Македонија“, се соочува со финансиски проблеми.

Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на 28 јануари објави дека во рамките на програмата за поддршка на печатените медиуми во земјата за 2018 година, на весникот „Заман Македонија“ му е доделена финансиска помош. Барање за финансиска поддршка поднеле 13 медиуми, а одобрени се 11 барања, меѓу кои и на весникот „Заман Македонија“. Во рамките на програмата за финансиска поддршка на печатените медиуми, на весникот поврзан со терористичката организација ФЕТО му се доделени финансиски средства во висина од 903.092 денари (околу 14.670 евра).

По оваа одлука, остра реакција упати Амбасадата на Република Турција во Скопје и политичарите во земјата од турско потекло, протестирајќи против финансиската поддршка на „Заман Македонија“ пред Амбасадата на Турција во Македонија. По ваквата реакција, медиумскиот орган „Заман Македонија“ на ФЕТО во Северна Македонија, поради финансиските потешкотии, немањето поддршка од населението и поради ефикасната борба на Турција, донесе одлука да престане со издавање на печатеното издание на весникот.

По инсистирање на Унијата на меѓународни демократи (UID) во Скопје, минатата година од објектот ТЦ „Мавровка“ во Скопје, се отстранети дел од таблите на весникот „Заман Македонија“.

– Премиерот Заев ја нарече „терористичка организација“ –

Иако претставниците на Владата повеќепати рекоа дека Република Северна Македонија ја поддржува борбата на Турција против терористичката организација ФЕТО, оваа поддршка, освен на зборови, не отиде подалеку.

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање на 21 декември 2017 година, Денот на турското образование во Република Македонија, истакнувајќи ја поддршката што Македонија ѝ ја дава на Турција во борбата против ФЕТО, го истакна следното „Македонија ја поддржува Турција во борбата против терористичката организација ФЕТО. Тоа ќе го покажеме со нашето пријателство во иднина.“

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, при посетата на Анкара и средбата со својот колега Мевлут Чавушоглу, на заедничката прес-конференција изјави дека Македонија стои покрај Турција во борбата против тероризмот. Димитров истакна „Во тој контекст, и во рамките на националните и на меѓународните обврски, постои политичка волја и желба да ѝ помогнеме на Турција.“

Претседателот Ѓорге Иванов, за време на посетата на Турција и средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на заедничката прес-конференција, осврнувајќи се на борбата на Турција против ФЕТО, изјави „Свесни сме за сите чекори што ги презема Република Турција. Свесни сме за сите страдања што на Турција ѝ ги нанесуваат ФЕТО и останатите терористички организации. Ние веднаш, без да губиме време, рековме дека ја поддржуваме Турција и власта избрана по демократски пат. Ние сме против сите видови тероризам.“

Иако е сосема јасно дека ФЕТО не претставува опасност само за Турција, туку дека е закана и по безбедноста на секоја земја во која постои нејзина структура, засега Република Северна Македонија нема преземено конкретни превентивни мерки во борбата против ФЕТО. Anadolu Agency (AA)