(Дубаи – Портал) По повод 104. годишнина од победата на Чанаккале на 18 март, група од седум активисти ширум Балканот, на иницијатива на Планинарско-еколошкото здружение, од Скопје со велосипеди заедно тргнаа кон градот Чанаккале.

Седум активисти кој го поздравија овој проект, од Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Санџак и Црна Гора, со клањање на сабах намаз (обавување на утринската молитва), се упатија кон Чанаккале со своите велосипеди, кои беа обележани со знамето на државата од која доаѓаат.

Сами Емин(Скопје): ” Ние како Турци, Албанци, Бошњаци, имаме за цел заедно да пристигнеме во Чанаккалe “.

„По повод 104. годишнина од Победата на Чанаккале, тргнуваме од Скопје кон Чанаккале, со група од седум члена кои се од Сараево, Црна Гора, Санџак, Косово, Албанија, со цел да не ја заборавиме нашата татковина која ни е спомен од нашите предци“, рече Емин.

Тој исто така изјави дека ваква иницијатива била планирана одма после државниот удар во Турција на 15 јули, кој беше испланиран и извршен од терористичката организација ФЕТО.

„Целта на непријателите од Чанаккале, и денес се исти. Нивна цел е да ја распарчат Турција, а веќе го распарчија уметот. Се надеваме дека како умет повторно ќе ја надминеме оваа тешкотија“, додаде Емин.

Ќамуран Хирда(Скопје) надополни со зборовите дека во битката на Чанаккале загинале околу 35.000 лица, со потекло од Балканските земји.

„Од Скопје во Чанаккале ќе одиме со велосипеди во спомен на загинатите. Таму ќе ги посетиме гробовите на шехидите од Балканот, на нашите предци кои се бореле и го дале својот живот за исламот. Ќе ги посетиме и гробовите на загинатите на 15 јули“, истакна Хирда, додавајќи дека планираат за седум дена да пристигнат во Чанаккале.

Исмет Шкуљ(Босна) изрази големо задоволство што е дел од караванот, кој е со многу голема историска цел, воедно се заблагодари на организаторите за оваа иницијатива.

Mahir Demişoski