Во состав на болницата се наоѓа и медицински кампус, а оваа болница има капацитет дневно да прима 30.000 пациенти’

(Дубаи – Портал) – Во главниот град на Турција, Анкара, утре ќе биде отворена најголемата градска болница во Европа, која воедно е и трета болница во светот чии единици се изградени во рамките на еден проект, јавува Anadolu Agency (AA).

Болницата свечено ќе ја отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со што Турција ќе ја добие и својата најголема болница.

По турските градови Јозгат, Мерсин, Испарта, Адана, Кајсери, Елазиг, Ескишехир и Маниса, главниот град Анкара е деветтиот турски град кој добива нова градска болница. Во состав на болницата се наоѓа и медицински кампус, а оваа болница има капацитет дневно да прима 30.000 пациенти.

Иако церемонијата на свечено отворање е утре, Градската болница во Анкара со примање пациенти почна на 7 февруари оваа година. Најпрвин со работа започнаа одделите за кардиоваскуларна хирургија, општата болница, неврологија, ортопедија и онкологија.

До денес, во болницата се извршени 2.815 операции, на неделно ниво се изведуваат 7.000 операции, додека на дневно ниво се извршуваат околу 600 итни операции. Капацитетот на болницата е 3.800 кревети.

Mahir Demisoski