(Дубаи – Портал) Брентон Тарант (28) од Австралија, беше именуван во извештаите во медиумите во Австралија, кој со пренос во живо на Фејсбу, денес изврши терористички напад во две џамии во Нов Зеланд и усмрти 49 браќа Муслимани.

Австралискиот премиер Скот Морисон потврди дека еден од луѓето притворени од властите на Нов Зеланд е државјанин на Австралија.

Во еден манифест од 74 страници, за кој се верува дека го напишал Тарант, каде изразува анти-мигрантски став и дека жртвите биле ” голема група на напаѓачи” за кои вели дека “се обидуваат да ги окупираат моите народи и да го заменат мојот народ “.

“Јас сум само обичен бел човек, од редовно семејство. Кој одлучи да застане за да обезбеди иднина за мојот народ”.

Тој се опишува себеси како “приватна и најчесто интровертна личност” и признава дека е расистички настројан , додавајќи дека тој е “фашист по природа”.

Тој исто така истакнал дека Нов Зеланд не е главниот избор за напад, велејќи дека тука само пристигнал привремено да се обучи и испланира нападот.

“Две години како планирам ваков напад, а пред три месеци ја одбрав локацијата Крајстчерч.”.

Mahir Demişoski