Турција и турските државници остро ги осудија вооружените напади врз џамиите во Нов Зеланд

0

(Дубаи – Портал) Одговорноста за нападот не припаѓа само на сторителите, туку истовремено и на сите оние политичари и медиуми кои ја поткопуваат исламофобијата кој постепено расте на Запад
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган вооружениот напад врз џамиите во Нов Зеланд го оцени како подем на расизмот и исламофобијата во светот.

Претседателот Ердоган објави соопштение во кое беше проколнат нападот.

„Остро го осудувам терористичкиот напад врз џамијата Нур и муслиманите кои се молеа во Нов Зеланд. Ги проколнуваме сторителите. На браќата кои загинаа во нападот им посакувам Божја милост, а ан повредените што побрзо да оздрават.

Во името на Турција и мое лично име на исламскиот свет и граѓаните на Нов Зеланд им изразувам сочувство по повод овој тажен настан кој за жал претставува еден нов пример на подемот на расизмот и исламофобијата во светот“ рече Ердган.

Министерот за надворешни работи на земјава Мевљут Чавушоглу го осуди и проколна варварскиот терористички напад.

Чавшоглу во пораката истакна рече: „Одговорноста за нападот не припаѓа само на сторителите, туку истовремено и на сите оние политичари и медиуми кои ја поткопуваат исламофобијата кој постепено расте на Запад.

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин во пораката во врска со нападот рече: „Нападот го покажува нивото на кое се искачи исламофобијата и непријателството против муслиманите“.

Ибрахим Калин во пораката преку профилот на твитер го објави следниот пост: „Во расистичкиот и фашистички напад врз џамијата Нур во Крајсчерч во Нов Зеланд брутално беа убиени десетици лица. Остро го осудувам нападот, на загинатите им посакувам Божја милост. Нападот го покажува нивото на кое се искачи исламофобијата и непријателството против муслиманите.

Досега многу често имавме можност да видиме дека исламофобиските реторики против исламот и муслиманите се претворија во перверзна и монструозна идеологија. Светот треба да го крене својот глас против овие реторики и да го спречи исламофобистичкиот фашистички тероризам.

Претседателот на управата за комуникации при претседателството Фахретин Алтун во пораката преку профилот на твитер исто така најостро го осуди нападот во Нов Зеланд и рече дека сега е време да се биде заедно во борбата против тероризмот.

Mahir Demişoski