Во знак на солидарноста со Турција и турскиот народ, вчера во скопје се оддржа митинг на кој присуствуваа голем број на граѓани, од внатрешноста на РС.Македонија.

На митингот учестуваа амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, политичари од Северна Македонија и Косово, претставници на турски и локални организации во земјата, како и голем број граѓани, меѓу кои Турци, Албанци, Бошњаци, Торбеши, Роми и други.

На почетокот на митингот, ученици од основно училиште ја интонираа химната на Турција, и беа извикувани пароли како „Реџеп Таип Ердоган“, а учесниците на митингот носеа транспаренти со различни написи за поддршка на Турција.

Амбасадорката Кара во нејзиното обраќање пред присутните упати благодарност до МАТУСИТЕБ, кој според неа вложил напори со цел сонародниците во оваа земја да имаат мир и благосостојба.

„Упатувам благодарност до МАТУСИТЕБ поради покажаната солидарност со нашата земја, и сакам да нагласам дека нашата земја се гордее со вас“, рече таа.

Кара нагласи дека сонародниците во Северна Македонија се најзначајниот елемент на пријателството меѓу двете земји.

Главна цел на овој митинг беше укажување на силната поддршка на Турција и нејзиниот народ особено со превземњето на воените активностите во Северна Сирија.

Митингот беше во орагнизација на Матисутеб, и истиот започна во 16.00 часот од старата скопска чаршија ( Мурат пашината џамија) каде дел од учесниците имаа можност да им се обратат на присутните и пренесат пораката на солидарност кон Турција.

Потсетуваме на 17.10.2019 во знак на поддршка на турската војска, учениците на основното училиште Мустафа Кемал Ататурк од гостивар, заедно со своите наставници со војнички поздрав ја искажаа својата солидарност и почит кон турската војска, во текот на превземањето на воените активности во Северна Сирија.

После овој настан Хелсиншкиот комитет во Македонија побара казнување на наставниците и дел од вработените во ова училиште, тврдејќи дека за политички цели се извршило злоупотреба на учениците и дека преку овој настан децата се учат за војна и дека ова причинува дестабилизација во нивното психофизичко здравје.

Ваквата одлкука  на Хелсиншкиот комитет во Македонија, веднаш наиде со реакција од страна на МАТУСИТЕБ во која реакција стоеше дека знамето на Р. Турција со месечина и ѕвезда не е политички симбол туку е национален симбол, и дека за Турците кои живееёт во Р. Северна Македонија, Турција не е политичка површина туку е матична држава, Ние како МАТУСИТЕБ, институција која се состои од 60 членки здруженија од цела Р. Северна Македонија, најсилно ги осудуваме Хелсиншкиот комитет за човекови права и Општината Гостивар за нивните постапки и пристапи, и нагласуваме дека ова однесување, што го спроведе основното училиште Мустафа Кемал Ататурк во Гостивар, не прекрши ниту еден закон за човекови права, државен устав и социјално однесување. Исто така изјавуваме дека ние како МАТУСИТЕБ застануваме зад Директорот на училиштето, Нури Мазлам и другите управители. Изјавил Хусрев ЕМИН Генерален Претседател на МАТУСИТЕБ.