Здруженија објави дека на Швајцарија и` е доста за штетните ефекти на технологијата 5G, односно отпор на подогнување на нивните ниски граници на дозволено зрачење.
Притоа е известено дека Швајцарија, која има многу ниски граници на зрачење, што го отежнува спроведувањето на 5G мрежа, го стопираше проектот поради загриженост за сопственото здравје.
Швајцарската национална агенција за животна средина (БАФУ) на 31 јануари испрати писмо до кантоналните влади во кое се вели „системот мора да се прилагоди така што зрачењето останува под дозволените граници“.
Иако БАФУ во писмото не спомна дека треба да се запре проектот 5G, одредбата дека зрачењето треба да остане во дозволените граници, тоа практично го стопирало затоа што швајцарските граници на зрачење биле премногу ниски за да работат мрежите 5G, се посочувало.
И покрај притисоците, кантоните се спротивставија на тестирање на 5G
Во соопштението се вели дека и покрај жестоките притисоци од теле-операторите, кантоните на Женнева, Јура, Нојхетел и Вауд претходно се спротивставија на подигнување нови антени и спроведување пилот-проекти од 5G, а уследиле жители на други области со масивни „анти 5-Г“ протести, но и барања за национален референдум.
Швајцарија, додаде, има многу ниски граници на зрачење, што го отежнува спроведувањето на 5G мрежа.
Парламентот веќе одби да ги зголеми граничните нивоа, а регулаторите се согласија дека е потребно понатамошно истражување за ефектите на технологијата.
Информации за стопирање на воведувањето на 5G, исто така, ги објави „Фајненшл тајмс“ под наслов „Швајцарија го запира излегувањето на 5G заради здравствените проблеми“.
„Про-индустрискиот“ портал www.mobileworldlive.com објави обид да ја негира публикацијата, но порталот цитира неименуван извор (претставници на животната средина во Швајцарија)
Погледнете го видеото:
Извор:Lider invest.hr