Зошто Лабуништа ? Ова е едно од прашањата кое веќе во изминативе два дена си го поставува секоја жител на оваа населба, ама се разбира и другите останати населби (Подгорци, Боровец, Октиси, Јабланица), Прашање кое длабоко допира до сите нас, барајќи го едноставниот одговор за тоа што ни се случува, кој е виновен, кој не е, и сето тоа додека епидемијата на овој вирус буквално демнее над сите нас со истата закана и за едните и за другите.

Ова е време кога многу работи треба да се тргнат настрана, политиката, разно разните коментари на социјалните мрежи од типот “рекла казала“, бидејќи тоа сега е најмалку потребно.

Овој народ самиот секогаш се борел, без и било чија подадена рака, силен е овој народ и ќе издржи, и уште еднаш како и многупати каменот кој представува пречка на патот по кој заеднички чекориме, ќе мора заеднички да го турнеме таму каде што му е местото, велам заеднички, бидејќи во сите нас има по нешто и некое делче од Лабуништа, без разлика на тоа што сум, или пак си од друга населба.

Едноставно, Лабуништа ни е како еден вид репер за многу работи, ама и како постар брат, бидејќи ако ни го снема братот тогаш ќе нема кој да не заштитува, а Лабуништа е токму тоа, верувале или не.

Да сте ни здрави и живи драги Лабуништани, и ова ќе го пребродиме заедно, крајно време еднаш засекогаш да се тргнат сите предрасуди, и покаже единство и во добро и во зло, ама тоа зло да биде што помало ИншАллах.

А,на прашањето зошто ни се случува ова, за тоа подоцна ќе треба и ние самите малку да подразмислиме, и мислам дека секој еден многу лесно и едноставно ќе го пронајде одговорот на себе си својствен начин.

И за крај, да не заборавам, секој кој допрел на овој или оној начин, допрел до сите нас, бидејќи сите ние сме “Лабуништа, односно и јас сум Лабуништа“..

Нека Возвишениот Аллах џ.ш не сочува од лошо, и ИншАллах наскоро да пишуваме само за убави работи, преку кои ќе покажеме дека знаеме и заеднички можеме повеќе.

Редакција на Дубаи Портал