Не може човек да не се израдува, кога надвор од нашите населби, односно странство овој пат како нас во Германија, кога ке сретне некој кој зборува на нашки јазик, за момент стекнуваме се разбира нови пријатели и љубопитни сме да размениме разговор и мислења кој од каде е, каде работи и како се снаоѓа овде во Германија.

Вака нашиот разговор го започна г-динот Сељвес Мусалар, кој заедно со поголемиот дел од своите вработени, или како што тој ни рече 95% од село Рестелица, населба во Гора-Косово, која приближно брои околу 10 илјади жители, и некаде 5% од вработените ми се  од градот Кукс, соседна Албанија.

Овде каде што сме моментално мислам на ова градилиште, се само дел од моите вработени, додека другите како што гледате се наоѓаат на другата страна од ова “Бауштеле“-Градилиште..

На нашето прашање да ни раскажат нешто повеќе за својата населба, г-динот Сељвес ни рече дека оваа голема населба како што претходно напоменав брои приближно околу 10 илјади жители, и се наоѓа, во подножјето на планината Шар Планина, поголемиот дел од нив, кој со свои фирми кој како вработени својата егзистенција ја гледаат надвор од Косово, исто како и Вие од Македонија, ни надополни тој.

Зборуваме, горански, така си велиме ние, и тој е сличен со македонскиот јазик, и дека се чувствуваме како горани-торбеши.

Знаете печалбата е многу тешка работа, тоа веќе сите го знаат, јас веќе неколку години наназад работам со сопствена градежна фирма во Италија, каде и всушност ми се наоѓа семејството. За жал работата некако во Италија се поднамале, па моравме да се снаоѓаме и надвор, и еве не во Германија каде веќе опстојуваме три години. Засега е добро, каде и да си, мора да се работи.

Ги изведуваме сите градежни работи кои влегуваат во делот на градбата, од темел до покрив.

Повеќето од моите вработени се млади деца, на почетоците тешко се снаоѓаат додека привикнат на ваквата макотрпна работа, ама за кратко време веќе се приспособуваат и засега успешно си ја извршуваме планираната работа, а се разбира ја има и онаа непланираната, ама како што не дал господ ние брзо вака или онака се снаоѓаме.

Вас лично ви благодарам што изнајдовте време,еве малку и ние да излеземе во некој од интернет порталите, и да им се пофалиме на нашите во Рестелица, и се разбира кај нашите роднини и пријатели во Италија.

Бидејќи нашиот краток разговор се одвиваше во време на ручек пауза, а знаете како изгледа и како се цени времето поминато во Германија, нашиот разговор накратко го завршивме тука, на Сељвес и на неговите вработени им посакуваме се најдобро, здравје и поскоро враќање во родните краишта.