Како што и веќе ќе имате можност да зебележите од самото видео на надворешноста, и фотографиите од внатрешноста на изградбата на новата џамија на населба подгорци, со Аллахова и Ваша помош,  многу повеќе од јасно е дека продолжува изградбата на овој верски објект.

Од џамискиот одбор, пренесуваат дека при крај се сведуваат и внатрешните делови на овој верски објект, се обработуваат зидовите, поставува електрична инсталација, надворешниот дел околу фасадата е при крај, уредувањето на зелената површина, дворното мести и патеката до оваа џамија, како и двете минариња кои гордо ќе ја представуваат оваа наша Аллахова куќа, со помош на господ, и тие ако е насип, ќе ги завршиме.

Се разбира имајќи ја во предвид и моменталната ситација во која денес се наоѓа (уметот) светот, свесни сме од тежината на состојбата во која се наоѓаат и нашите сограѓани, како печалбарите, така и нашинците овде кај нас и воопшто во Македонија кои ја помагаа изградбата на оваа наша заедничка куќа.

Од тука, уште еднаш апелираме на помагање (финансиско) за продолжување на изградбата, и со тоа во целост што поскоро завршиме оваа Аллахова куќа и истата ја ставиме на располагање на сите оние кои кои ќе сакаат да бидат дел од неа, и се разбира преку сеџд-ето да бидат поблиску до Возвишениот Аллах.

Им благодариме на сите оние кои досега на различен начин се обидуваа и помагале оваа изградба, дали финансиски или со работна рака и слично , нека Возвишениот Аллах џ.ш ги награди со заслужената награда, џеннетот и иншАллах со заеднчка верба и помагање завршиме онаа што заеднички сме го започнале, а што ќе им го оставиме и на нашите поколенија..