Најмалку 60 лица загинаа кога патнички брод со повеќе од 700 лица потона во реката Конго, изјави денеска министерот за хуманитарни работи на Конго, Стив Мбикаџи.

Според него, околу 300 бродоломници биле пронајдени недалеку од местото на несреќата во провинцијата Мај-Ндомбе во западен Конго, но 240 се водат како исчезнати. Други детали не се објавени. Фатални бродоломи се вообичаени во Конго, кој има многу малку асфалтирани патишта. Бродовите често се пренатрупани. За повеќето луѓе во Конго, реките се единствениот начин да патуваат подолги растојанија.

(Вијести.ба / НН)