При денешната посета на Делчево, премиерот Зоран Заев посочи дека попишувачите ќе бидат во приоритетните групи кои ќе бидат вакцинирани и дека во следните денови треба да пристигнат и други вакцини, покрај тие од „Астра Зенека“ кои се најавени дека ќе дојдат во недела.

„Покрај здравствените работници, повозрасните и хронично болните, треба да се вакцинираат и попишувачите, а секако во приоретните групи се и полициските службеници, војската. Ќе го следиме тој процес“, изјави Заев.


„Express“