Светскиот шампионат во Формула 1 за сезоната 2021 стартува со трката за Големата награда на Бахреин, јавува Агенција Анадолија (АА).

На меѓународната патека „Шакир“, долга 5.412 метри, во пустината Шакир, северното гувернерство на Бахреин, трката за полпозиции ќе започне в сабота (27 март), со почеток во 16:00 часот, а трката за Големата награда на Бахреин на која ќе се возат 57 круга е закажана за недела (28 март), со почеток во 17:00 часот.

Новата сезона во Формула 1, автомобилската спортска организација чии натпреварувања најмногу се следат во светот, годинава се состои од 23 трки. Доколку не дојде до промени во натпреварувањето поради пандемијата на новиот тип коронавирус, сезоната во Формула 1 треба да заврши на 12 декември со трката за Големата награда на Абу Даби.

Минатата година титулата шампион во категоријата на возачи во Формула 1 ја освои Британецот Луис Хамилтон, додека во категоријата на тимови титулата му припадна на Мерцедес. Тимот на Мерцедес е освојувач на последните 7 шампионати во Формула 1, една повеќе од тимот на Ферари. Хамилтон со минатогодишниот триумф во Формула 1, со 7 освоени шампионати го изедначи рекордот на Михаел Шумахер.

Распоред на трките во Формула 1 за сезоната 2021:

28 март: Голема награда на Бахреин

18 април: Голема награда на Емилија-Ромања (Италија)

2 мај: Голема награда на Португалија

9 мај: Голема награда на Шпанија

23 мај: Голема награда на Монако

6 јуни: Голема награда на Азербејџан

13 јуни: Голема награда на Канада

27 јуни: Голема награда на Франција

4 јули: Голема награда на Австрија

18 јули: Голема награда на Велика Британија

1 август: Голема награда на Унгарија

29 август: Голема награда на Белгија

5 септември: Голема награда на Холандија

12 септември: Голема награда на Италија

26 септември: Голема награда на Русија

3 октомври: Голема награда на Сингапур

10 октомври: Голема награда на Јапонија

24 октомври: Голема награда на САД

31 октомври: Голема награда на Мексико

7 ноември: Голема награда на Бразил

21 ноември: Голема награда на Австралија

5 декември: Голема награда на Саудиска Арабија

12 декември: Голема награда на Абу Даби


Anadolu Agency