Бројот на луѓе што го загубија животот како резултат на вооружената интервенција на безбедносните сили во протестите против воениот удар во Мјанмар се искачи на 581, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во дневниот извештај објавен од Здружението за помош на политички затвореници (AAPP) се истакнува дека во последните 24 часа починале 11 лица.

Исто така, во извештајот се забележува дека вкупниот број на починати е зголемен на 581, додека приведени се 2.750 лица.

Се наведува дека има одлука за притвор за 463 лица кои биле против пучот.

– Армијата на Мјанмар изврши рација во црквите во провинцијата Качин –

Од друга страна, се истакнува дека Армијата на Мјанмар извршила рација во црквите во провинцијата Качин за да бара демонстранти.

Според вестите на веб-страницата „The Irrawaddy“, војниците во провинцијата извршиле рација во некои цркви и ги нападнале жителите, тврдејќи дека демонстрантите се кријат во црквите.

Се додава дека војниците при рацијата ги кршеле влезните врати на црквите и оштетиле некои предмети.

Мјанмарската војска на 1 февруари оваа година изврши воен удар и ја презеде власта во земјата под изговор дека ноемвриските избори биле нерегуларни. Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси челниците на Владата, вклучувајќи ја и мјанмарската лидерка Аунг Сан Су Чу.

Масовните протести против воениот удар започнаа на 6 февруари, а воената хунта одговори со репресивни интервенции.

Anadolu Agency