ДКСК бара итна антикорупциска проверка на Законот за игри на среќа и законот за регулирање на исплатата во кеш откако открила сомнителни случаи на перење пари и злоупотреба на лични податоци во обложувалници при проверки на имотно-правна состојба на избрани и именувани функционери и вистинитоста на доставените податоци.

– Со првичната проверка околу 40.000 евра беа ставени на даночните пријави без да знаат граѓаните. При овие проверки откриени се случаји за сомнеж на злоупотреба на личните податоци на граѓаните од спортските обложувалници и индиција за сомнеж за можно перење на пари, соопштуваат од ДКСК.

Од антикорупциска упатуваат апел до играчите на среќа и граѓаните да си ги проверат даночните пријави бидејќи има случаи на губење на социјална помош, крадење на лични податоци, земање на кредит

– Известени се МВР, Финансиската полиција, Финансиското разузнавање, управата за јавни приходи за да ги проверат сомневањата за можни финансиски малверзации од страна на обложувалниците. Од финансиската полиција не известија дека ова не е изолиран случај, дека покрај нашата пријава и голем број на граѓани пријавиле голем број на обложувалници со слична содржина и дека тие активно постапуваат по пријавите, а за резултатите од предистражната постапка по известувањето на надлежното обвинителство ќе ја информираат и ДКСК.

NovaTv