На 09.04.2021 во 13.10 часот, полициски службеници од полициска станица во Струга од слобода го лишија М.С.(55) од струшкото село Велешта. Тој, околу 12 часот, на улицата „Пролетерски бригади“, се однесувал агресивно кон полициски службеник кој извршувал работни задачи. За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање против М.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.