На 10.04.2021 година во 20,32 часот во ОВР Струга, пријавен е пожар на околу 10 хектари пасиште и дабова шума во атарот на струшкото село Поум. Пожарот во кој нема повредени лица, е изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга.