АНКАРА (АА) – Портпаролот на владејачката турска Партија за правда и развој (АК Партија), Омер Челик, реагираше на антиисламскиот твит што го објави екстремниот десничар, холандскиот парламентарец Герт Вилдерс, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Вилдерс, челникот на екстремно десничарската Партија за слобода (PVV), објави кратка видеоснимка на Твитер во која го напаѓа исламот и муслиманскиот месец на постот Рамазан.

„Тие со својот расистички и фашистички ум ги претставуваат непријателите на човештвото. Токму поради тоа непријателството против човештвото се крие таму каде што постои непријателство и кон исламот“, наведе Челик на Твитер и додаде:

„Непријателите на исламот исто така ги мразат мигрантите, сиромашните луѓе и странците.“

Претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш, исто така најостро ја осуди изјавата на Вилдерс, за која рече дека е потполно неприфатлива.

„Ја повикувам меѓународната заедница на совесна борба против расистичкиот менталитет кој поттикнува исламофобија и атакува на социјалниот мир“, изјави Ербаш.


„Anadolu Agency“