Премиерот на Романија, Флорин Кицу, денеска го разреши министерот за здравство, Влад Воикулеску, по повеќенеделните несогласувања за справување со кризата со пандемијата со Ковид-19.

За вршител на должноста министер за здравство именуван е потпретседателот на романската Влада, Дан Барна.

Премиерот Кицу, така го смени и Андреу Молдован, од неговата функција во Министерството за здравство.


Tv21