По барање на месната заедница и бројните реакции од жителите на с. Лабуништа, во врска со пожарот кај селската дива депонија која веќе е локализирана од страна на противпожарната единица, денес Општина Струга ангажира фирма која целосно ќе ја санира и покрива со земја дивата депонија во с. Лабуништа.
Бидејќи последниов период од неколку наврати истата беше палена и од начинот како гореше повеќе од јасно е дека виновникот за пожарот е човечки фактор. Од таа причина известен е и инспекторатот за животна средина.
Инспекторатот за животна средина апелира до ЈКП “Хигиена” кое е задолжено за одржување на хигиената соодветно да постапува, третира и редовно ја одржува дивата депонија, додека истата не биде дислоцирана и трајно отстранета.
Со почит,
Општина Струга.