Претседателот на Македонската влада Зоран Заев денеска ќе учествува на состанок на ниво на шефови на влади, што го организира Австрискиот канцелар Себастијан Курц во Виена.

Носечка тема на средбата е миграцијата и како земјите од таканаречената Балканска рута, се справуваат со миграционите текови од Блискиот и Средниот исток кон Западноевропските земји.

Покрај Заев, учесници на состанокот се премиерите на Србија, Ана Брнабиќ,претседавачот на Босанското претседателство Зоран Тагелтија, премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ, Косовскиот премиер Албин Курти, како и специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак. Од Албанската влада се очекува исто така присуство на состанокот.

Покрај заедничката борба против илегалната миграција на Балканската рута, во Виена ќе се разговара и за европската перспектива на земјите од Западен Балкан како и за борбата со Ковид19 и за економската поддршка по кризата предизвикана од пандемијата,соопшти Австриската сојузна канцеларија.


„Nova“Tv