Западен Балкан е преморен од историски недоразбирања затоа мора да се гледа напред и да се бараат решенија. Премиерот Заев по Самитот на Западен Балкан во Виена рече дека европската перспектива за Западниот Балкан мора да го победи евроскептицизмот. Се надева дека Македонија и Бугарија од проблемот ќе излезат како пријатели како што тоа се случи по надминувањето на спорот со Грција.

Западен Балкан има јасна европска перспектива и поддршка од лидерите на земјите од Унијата, вели Заев. Тој е нераскинлив дел од Европа и разговорите за Европа без Западен Балкан се бесмислени.

Српската премиерка Брнабиќ остра во изјавата по Самитот. Таа рече дека некои земји само декларативно се за проширување, а токму случајот со Македонија го потврдува тоа. Таа вели дека регионот е веќе фрустриран и изморен.


„Sitel“